Доаѓа принова во домот на Жељко Самарџиќ: „По петти пат ќе бидам дедо“ – Пејачот го откри полот на бебето
Добри вести доаѓаат, пејачот не може да ја сокрие насмевката на лицето.
Жељко Самарџиќ вчеравечер присуствувал на прослава во Белград, при тоа ја искористил можноста да им ја открие на новинарите тајната дека неговото семејство наскоро ќе биде побогато за уште еден член.
- Целото слободно време го поминувам со семејството. Сега најмладата внука е најинтересна... - изјави Самарџиќ.
- Ќерка ми Миња, која често е на моите концерти како придружен вокал, ми вети дека на претстојните концерти ќе пее со големо стомаче, ако може. Треба да се породи во февруари, на свет доаѓа уште една внука. Таа носи ќерка, јас ќе бидам дедо по петти пат! На моја радост - изјави Жељко.
Познато е дека со децении е во среќен брак, па истакна дека сопругата Маја често го придружува на концерти, бидејќи таа е негов најголем поддржувач.
- Често одам на црногорското приморје, жена ми е навикната само да се подготвува брзо и да оди кога сакаме, каде сакаме. Треба да се ужива како што му одговара на секој човек. Сакаме да менуваме локации, слободно да патуваме - рече Жељко, а потоа додаде:
-Некако имам чувство дека колку старееме, толку повеќе сме врзани еден за друг, каде и да одиме таа доаѓа со нас доколку може физички да издржи. Тоа се нови радости, на крајот на краиштата нека види колку ми е тешко кога цело време патувам.
Фото: ИнстаграмИзвор: Sd.rs