Ова е синот на Тома Здравковиќ: Александар е копија на татко му

Добивај вести на Viber

Тома Здравковиќ почина пред 33 години, а зад себе остави две деца, ќерката Жаклина и синот Александар.

И додека Жаклина одвреме-навреме се појавува во медиумите, Александар не е толку присутен во јавноста.

Тома го доби Александар од вториот брак со Гордана Здравковиќ.

Синот на Тома, Александар денес живее во Торонто, каде се запознале неговите родители. Гордана и Аца беа со пејачот до последниот ден. 

-Кога ќе дознаат чиј син сум, прво ме прашуваат како сум пораснал со него. Порано се претставував како Александар Саша, за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ. Бев премногу млад кога умре, дури подоцна сфатив колку значеше за музиката и за другите луѓе и што остави зад себе. Дури на 16-17 години, кога почнав да се заљубувам, почнав да ги разбирам неговите песни. Наместо да одам во парк, јас одев со него во казино. Видов многу работи на многу млада возраст. Не ни знаев што се случува околу мене - изјави еднаш Александар


Фото: Youtube - screenhsoot