Погледнете како Петра и Никола го трансформираа домот: Бањата сега изгледа како од хотел со пет ѕвезди

Добивај вести на Viber

Петра и Никола од Вараждин, Хрватска го реновираа својот стан, а омилена трансформација им е новата бања.

Петра која успеа да стави туш кабина во својата мала бања, покажа како и најмалата бања може да се преуреди и да изгледа како хотел со пет ѕвезди.

Кога купиле стан, Петра и Никола, родителите на момчето Петар, требало станот од 78,08 метри квадратни да го реновираат и опремат целосно (сите инсталации, подни и ѕидни облоги, столарија и апарати). Излезот на балконот порано бил од дневната соба, го затвориле и ставиле стаклен ѕид помеѓу кујната и балконот.

- Го срушивме и ѕидот кој го делеше ходникот од дневната соба, со што го отворивме просторот и го направивме влезот во бањата од ходникот. Бидејќи и двајцата сакаме неутрални бои и дрво, уште на почетокот се договоривме околу деталите. 

Реновирањето на станот траело три и пол месеци, а просторијата чија трансформација е особено возбудлива е бања од 3,2 квадратни метри.

-При реновирање на бањата моравме да одлучиме дали да ставиме када или туш. Бидејќи Петар е поголем, избравме кабина за туширање. Со него бањата е попространа и поатрактивна, а во бурното темпо на живот полесна за одржување. Имав визија и беше многу лесно при изборот на санитарната опрема и мебелот. Бањата е мојата омилена просторија во нашиот стан, изјави Петра.

Таа лесно ја пронашла идеалната опрема за новата бања, комбинацијата на плочки, кои се имитација на дрво и мермер со златно-бронзено, изгледа навистина прекрасно, а за конечен врвен впечаток се додадени елегантни славини и огледало.

И кујната доби сосема нов, свеж изглед и беше направена по мерка.

Обожавам да готвам и да поминувам време во кујна, готвајќи им на моите момчиња, семејството и пријателите, додава Петра од Хрватска.

фото/извор:zadovoljnja.hr
ГАЛЕРИЈА од останатите уредени простории во станот: