3 хороскопски знаци ќе доживеат хаос во 2025 година! Ретроградниот Марс носи огромни предизвици

Добивај вести на Viber

Во 2025 година, трите хороскопски знаци - Овен, Рак и Јарец - ќе се соочат со најголемите предизвици, бидејќи ретроградниот Марс ги води низ фазите на осаменост, фрустрација и трансформација. Астролозите предвидуваат дека големите планетарни промени, вклучително и транзитите на Сатурн и Уран, ќе донесат сериозни предизвици што ќе ја тестираат нивната внатрешна рамнотежа и способност за прилагодување.

Астролозите предвидуваат дека 2025 година ќе донесе огромни промени и неизбежни пресврти, поттикнати од планетарните транзити на Сатурн и Уран, додека Јупитер влегува во знакот Рак.

Оваа моќна комбинација на планети особено ќе влијае на трите хороскопски знаци, кои ќе се соочат со низа предизвици во текот на годината. Ретроградниот Марс дополнително ја комплицира ситуацијата, носејќи период на осаменост и фрустрација што ќе бара посебна сила и издржливост од овие знаци.

Овен

Овенот влегува во 2025 година со владејачката планета Марс, ретрограден до 23 февруари. Овој знак ќе се најде измачен од разни доцнења, двојни работни места, неуспешно барање кратенки и трошење енергија на разни задачи кои не носат резултат. Овенот гори од фрустрација, минува денови гасејќи „огнови“ насекаде, до пролет ќе биде растргнат и уморен. За среќа, доаѓаат подобри денови, важно е малку да забавите и да одберете каде да вложите најмногу енергија. А љубовниот хороскоп е нешто подобар од општиот, особено на почетокот на пролетта, кога романтичните врски се на врвот. Општата состојба се подобрува од летото.

Рак

Раковите ја започнуваат 2025 година без вистинска мотивација, збунети, без визија каде сакаат да одат. Запаѓаат во монотонија, не ја чувствуваат вистинската животна радост. Пробуваат разни алтернативни насоки, некои ќе побараат совет од психотерапевт. Нивниот ритам е забавен, ги обзема потребата за осаменост. Први кои излегуваат од оваа фаза се оние кои имаат потреба и обврска да им помогнат на своите најблиски, тоа ги враќа кон себе и суштината на нивното битие. Нова енергија доаѓа од крајот на пролетта, ќе уживате во нови познанства и можеби некои нови хобија. Ракот наоѓа големо уживање во патувањата, а од средината на годината се отвораат нови можности за работа и романтични врски.

Стрелец

Под налетите на кармата, Стрелецот ќе мора да се бори за своето место во 2025 година. Можно е да се преселите, не само во друг дом, туку и во друга земја. Не секој ќе го дочека ова среќно, напуштањето на познатото опкружување за многумина ќе биде исто толку тешко како и разделбата со најубавото минато. Неопходно е да се ангажираат сите внатрешни сили за да се одржи стабилноста и интегритетот. За некои психолошката стабилност нема да биде силна страна во овој период. Човек треба да се фокусира на шансите, а не на ризиците, треба да биде подготвен целосно да ја промени структурата на секојдневието. Кој ќе успее да се прилагоди на ова, може на најдобар начин да ја искористи кармичката промена.