„Морав да јадам по три банани“: Милица Павловиќ ослабе 12 кг за 10 дена, една работа ѝ беше забранета

Добивај вести на Viber

Пејачката Милица Павловиќ вели дека за 10 дена успеала да ослабе 12 килограми, а диетата која ја користи најмногу се состои од банани и вода, додека секакви грицки се целосно забранети.

Павловиќ тврди дека дури и се консултирала со лекари кога морала да почне да слабее, бидејќи секој треба да применува диета според метаболизмот и начинот на живот.

- Пријателите ми кажаа за овој начин на исхрана со банани и вода, па добив информација на интернет и им ја препорачувам на сите. Се разбира, со консултација со лекар. Ништо без тоа. Секој мора да го најде она што најмногу му одговара на неговиот метаболизам - изјави Милица за Блиц пред големиот концерт кој го одржа во белградска Арена.

Во исхраната на Милица за појадок се јадат три банани, а со нив може да се испие само вода или чаша млеко со малку маснотии. За ручек има избор помеѓу задушен зеленчук со говедско месо, супа од риба или интегрални тестенини со доматен сос, додека за вечера има мисирка на скара или риба.

На менито има само две салати - зелена или зелка салата, а можете да ги јадете со секој оброк.

На интернет напишаа дека изгледа неухрането

Милица Павловиќ неодамна имаше фаза кога ослабе премногу килограми, а многумина на социјалните мрежи напишаа дека изгледа неухрането. Пејачката не обрнуваше внимание на тие приказни, а подоцна во некои интервјуа изјави дека ослабела поради големиот стрес од подготовките за голем концерт - Секогаш се случуваат многу вложувања кога станува збор за концерти како мојот. Секако дека ќе ослабам поради многубројните обврски, тука е и вежбањето кореографија, која секако бара многу топење на наслаги во телото. Важно е дека концертот беше одличен, за да се исплати потта - изјави пејачката за Блиц, по големиот спектакл во арената.