Имунобомба која заслужува место во вашата зимница: Најубавиот рецепт за киселo цвекло од тегла без конзерванси

Добивај вести на Viber

Откако ќе го пробате, ќе биде дел од вашата трпеза секоја зима

Цвеклото е познато по неговите благотворни ефекти врз човечкото тело. Бидејќи има земјен вкус, најчесто се јаде варено, а највкусно е кога е кисело од тегла.

Доколку и вам ви се допаѓа ова јадење и уживате во неговиот уникатен вкус, еве рецепт кој сигурно ќе ви стане омилен.

Се подготвува брзо и лесно, а резултатот е таков што ќе ве воодушеви.

Потребни состојки:

-5 кг цвекло

-0,7 l алкохолен оцет

-2,5 l вода

-3 лажици сол

-6 лажици шеќер

-една лажичка зрно бибер

-една лажичка ким

Начин на подготовка:

Цвеклото измијте го, но не лупете го. Гответе го додека не може лесно да влезе вилушка во него. Потоа исцедете го и оставете го да се излади.

 После тоа излупете го тенко, за да не извадите премногу месо, а потоа исечете го на тенки кругчиња.

Измиените и дезинфицирани тегли подгответе ги и во нив ред по ред наредете го сечканото цвекло.

Подгответе го преливот така што ќе истурете вода во тенџере, оставете да зоврие, а потоа додадете ги останатите состојки. Додека е уште топол преливот прелијте го врз цвеклото.

Потоа наполнете ги теглите и оставете да се изладат. Оставете ги во шпајз, подрум или некое друго ладно место, бидејќи во него нема конзерванси. Уживајте во вкусна салата во текот на целата зима.


Фото: freepik/pexels