Овој човек секој ден го посетува гробот на принцезата Дијана! Не може да ја прежали, тие беа нераскинливо поврзани
Братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер (60) изјави дека секој ден го посетува гробот на Дијана.
Чарлс Спенсер изјавил дека редовно го посетува гробот на неговата покојна сестра, принцезата Дијана.
- Сигурен сум дека секој има некаква траума во семејството. И како и сите други, се навикнуваш, но болката никогаш не поминува – рекол Чарлс Спенсер.
Дијана го загуби животот на 36-годишна возраст во трагична сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година. Таа беше погребана во домот на предците на семејството Спенсер - на остров во украсното езеро Тркалезно овално, кое се наоѓа во Парк Алторп. Интересно е што Дијана била погребана со неколку лични предмети кои и биле особено важни.
- Минатата недела дојде една од нејзините најблиски пријателки од детството и беше на островот. И тоа беше толку убаво – изјави Спенсер.
До гробот на принцезата Дијана може да се стигне само со брод, а јавните посети се забранети. Братот на Дијана е еден од ретките кои редовно го посетуваат нејзиниот гроб.
Кога Дијана почина, тој одржа трогателен говор на нејзиниот погреб на 6 септември 1997 година. Дијана има и две постари сестри, Лејди Сара Мекоркудал и Лејди Џејн Фелоус, пишува People.