Пред 32 години беше русокоса, денес самоуверено ја гази седмата деценија: Ќе ја препознаете ли оваа дама?

Добивај вести на Viber

Таа е македонска новинарка, водителка но и пејачка. Животот многупати ја туркаше на колена, ѝ даваше искушенија, но таа се издигнуваше и продолжуваше со насмевка, без разлика на горчината и тагата која ѝ ја кине душата.

Јулија Мациевска гордо ги носи и годините. Гази самоуверено во седмата деценија од животот, а бројките за неа не значат ништо.

Таа е инспирација, жена за пример. Силна. Храбра. Убава. Мила. За која до бескрај може да се нижат епитети.


Во далечната 1992 година, Јулија ги имаше почетоците во музиката.

Сега се потсети на еден настап од една новогодишна емисија на МТВ.

Тогаш била русокоса. Дали ќе ја препознаете?


Јулија долги години е соло пејачка. Чест учесник е на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Филиграни, Гоце Фест и Лешочки Фолк Фест. Нејзини попознати песни се: "Мајко божја", "Хаџи мило", "Буре барут", "Пред паметникот на Гоце", "Слава тебе господе", "Единствен мој мил" и други...


Таа повеќе од 10 години е автор и водител на емисијата „Будење со Јулија“ .


Р.Ж.М