Највкусната солена торта од леб: Се подготвува лесно, а е иделана за празнична трпеза
Солените торти дефинитивно се незаменлив дел од празничната трпеза. А оваа солена торта се подготвува многу бргу и е неверојатно вкусна, а и декоративна.
Потребни намирници:
-27 парчиња тост леб
Основно полнење:
-400 гр павлака (20% млечна маст)
-250 гр мајонез
Подготовка на основниот фил:
Во поголем сад измешајте павлака и мајонез додека не добиете хомогена смеса.
Основниот фил поделете го на три еднакви дела.
Прво полнење:
-1 дел од основниот фил
-2 лажици ајвар
-200 гр рендана шунка
Начин на подготовка: Првиот дел од основниот фил измешајте го со ајвар и рендана шунка.
Второ полнење:
-1 дел од основниот фил
-2 рендани варени јајца
-4 рендани кисели краставички
Начин на подготовка: Вториот дел од основниот фил измешајте го со ренданите јајца и краставиците.
Трето полнење:
-1 дел од основниот фил
-100 гр крем сирење
Начин на подготовка: Третиот дел од основниот фил измешајте го со крем сирењето.
Составување на тортата:
На рамен плех ставете го првиот слој од 9 парчиња тост леб.
Со првиот фил премачкајте го првиот слој тост.
Над филот наредете уште еден слој од 9 кришки тост.
Вториот слој тост премачкајте го со другиот фил.
Ставете трет слој од 9 кришки тост леб и покријте го со третиот фил.
Декорација:
Тортата можете да ја декорирате со дополнителен слој мајонез или крем сирење, а по желба украсете ја со листови свежа салата, рендано сирење или сечкана шунка.
Целата постапка за подготовка погледнете ја во видеото подолу:
Фото и Видео: Youtube