Сара и Димитар заминаа на тазе најдобар кашкавал: Семејно во земјата на лалињата, во посета на сестрата на Димитар

Едно од најкомпатибилното и убаво семејство на естрадата, е на брачниот пар Сара и Димитар. Секогаш интересни во своите објави, а како би можело да е поинаку кога до нив ги имаат ќерката Илина и синот Кирил. Никогаш не може да им биде здодевно.
Сара и Димитар со нивните деца заминаа на патување во Холандија, каде што живее сестрата на Димитар.
Цела фамилија на купче се собра во холандското село Хитхорн. Според објавите на Сара и Димитар на социјалните мрежи, тие се воодушевени од убавината на ова место.
Не ја пропуштија најголемата атракција во Холандија, а тоа прошетка со бродче по каналите, од каде може да уживаат во панорамски разглед на местото.
Сара посебно е воодушевена од архитектурата на преслатките куќички, специфични за оваа земја.
„Тотално сум во љубов. Рај на земјата. Крововиве од трска. Морам да спамам со куќиве, фасадиве, крововиве, дворовиве, природава. Многу сум фан, а немам зборови да ја опишам естетикава, па ставам сто слики во прилог. Од прилика да ви споделам како се чувствувам“, напиша Сара.
Убавото време и фактот што е пролет кога природата се буди, не се сомневаме дека ова едно од поубавите места во земјата на лалињата, кашкавалот и кломпите.
РЖМ