Шведско семејство си ја реновирало вилата, па зад ѕидот нашле таинствена врата: Поради ова откритие мислат дека куќата е проклета (ВИДЕО)
Дали некогаш сте купиле куќа, а потоа при првото реновирање да забележите некои неправилности или да сте изненадени од некое неочекувано откритие? Така, едно четиричлено семејство мислело дека купиле дом од бајките, а потоа пронашле скриена врата, што ги натерало да веруваат дека куќата е проклета.
Имено, во 2023 година, едно семејство од Шведска почнало да реновира античка вила во северниот дел од земјата, а потоа неочекувано пронашле блокиран влез зад ѕиден панел. Во видеото на Тик Ток, Фрида објави дека го лупела ѕидот и на тој начин забележала запечатена врата, за која претпоставуваат дека е поврзана со скриена врата.
„Постепено лупевме слој по слој и на крајот конечно се појави вратата“, додава Фрида во видеото.
@frida.s.lind Haunted house?
Lovely - SLAP HOUSE MAFIA
„За жал, таа беше заклучена и не беше можно да се отвори“, додал сопственикот на куќата.
Немале одговор што се крие помеѓу мистериозните врати, поради што веруваат дека куќата е „прогонувана“, пишува Nypost.
Ова откритие не само што целосно ги шокирало сопствениците, туку и корисниците на социјалните мрежи, кои исто така веруваат дека куќата е „проклета“.
„Дали некој друг ја гледа рачката како се движи“, тврди едно лице.
„Морав двапати да го гледам ова додека кваката се поместуваше“, додава друг корисник во коментар.
„Таа врата не е стара. Изгледа сосема нова и нема квака. Потоа одеднаш имаше квака што треба да се закачи од другата страна“, гласи третиот коментар.
„Има некој од другата страна кој ја закачува другата квака и затоа се движи. Ова не е тајна соба“, напиша следниот корисник.