Шерон Стоун (66) позираше како Мерилин, а поради неа се вжешти црвениот тепих: Приреди моден спектакл

Добивај вести на Viber

Легендарната Шерон Стоун викендов гостуваше на филмскиот фестивал во Торино, а на првата вечер од оваа традиционална манифестација приреди моден спектакл, потсетувајќи многумина на познатата Мерлин Монро.

ФОТО:  ЕПА

Шерон Стоун подготви модна ревија на свој начин и во манирот на Мерлин Монро. Како дојде до тоа идеа? Таа се појави во оригинално модно издание, фустан кој ја истакнува линијата на телото и е украсен со необични детали во црвена боја. Огромната црвена наметка ѝ донесе шмек на старата холивудска мода, додека црвените сандали кои ѕиркаа под облеката го украдоа шоуто.

View this post on Instagram

A post shared by instylemagazine (@instylemagazine)



Шминкерите одлично се снашле, бидејќи најдоа токму вистинската мерка шминката да биде усогласена со модното издание, но и да изгледа доволно умерено со оваа впечатлива тоалета.

Шерон Стоун (66) на тој начин продолжи со низата исклучително автентични комбинации, кои секогаш ја истакнуваат на црвениот тепих, а нејзиниот начин на позирање многумина ги потсети на култната актерка Мерлин Монро, чија смрт до ден денес не е разрешена.

View this post on Instagram

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)



Но, познатата поза ќе беше залудна да не беше харизмата и убавината на Шерон Стоун, која заедно со Мерилин со право се вбројува во групата на најфатални жени од светската сцена, во историјата.

Двете диви се предодредени за светот на шоу-бизнисот, но и уметноста, а тие се симбол на познатиот X фактор, кој често се дефинира како клучен фактор за нечија слава.

Филмскиот фестивал во Торино започна завчера, а ќе трае до 30 ноември.


Насловно фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO