До ковчегот на Лиам Пејн стоеше посвета од неговиот 7-годишен син: Еден збор што крши срца!
Лијам Пејн, пејачот и поранешен член на мегапопуларниот бенд „One Direction“, вчера беше погребан во неговиот роден град Вулверхемптон, а на последното збогување присуствуваа семејството и пријателите, а голем број познати личности од светот на музиката и спортови. Меѓу првите кои пристигнаа на погребот беше неговата девојка Кејт Кесиди, придружувана од нејзиниот близок пријател Демијан Харли, син на манекенката Лиз Харли, кој и беше поддршка и утеха во текот на целиот шокантен чин.
Да потсетиме, Лијам Пејн беше погребан нешто повеќе од еден месец по неговата трагична смрт на 31-годишна возраст, која следеше по падот од тераса од хотелска соба на третиот кат во Буенос Аирес.
Очекувано, на погребот присуствуваа и поранешните колеги од бендот на Лиам од One Direction, Хари Стајлс, Зејн Малик, Ниал Хоран и Луис Томлинсон, кои кратко коментираа дека се „целосно уништени“. Тука беше и Сајмон Кауел, продуцентот кој всушност го создаде One Direction, кој ги прегрнуваше и ги тешеше родителите на Пејн, Џеф и Карен, додека ја напуштаа црквата по емотивната погребна служба.
Јавноста особено ја интересираше дали на погребот ќе присуствува 7-годишниот син на Лиам, Бер, кој го имаше со пејачката Шерил Кол.
И додека познатата бринета дошла да ја испрати својата поранешна љубов на вечното почивалиште, сепак решила да го заштити нивниот син од овој тажен настан. Таа и самата беше видно потресена, со празен израз на лицето, обидувајќи се да ја задржи присебноста и покрај тешките емоции.
Сепак, Лиам не беше погребан без последното збогување од неговиот син. Имено, ковчегот го донела старомодна кочија со коњи која била украсена со големи цветни аранжмани - едниот црвен со натписот „син“, а другиот бело-син со натписот „тато“. Овој симболичен гест требаше да покаже дека пејачот е сакан татко и сакан син.
Да потсетиме, Пејн и Колбеа во врска од 2016 до 2018 година, а во 2017 година се роди нивниот син Бер. И по раскинувањето, тие останаа во добри односи и продолжија заедно да го одгледуваат нивното дете.
„Додека се обидувам да се помирам со овој катастрофален настан и да ја надминам сопствената тага во ова неверојатно болно време, би сакала да ве потсетам дека изгубивме човечко суштество. Лијам не беше само поп ѕвезда и славна личност, тој беше син, брат, вујко, драг пријател и татко на нашиот седумгодишен син, кој сега мора да се соочи со реалноста дека никогаш повеќе нема да го види својот татко. Медиумската експлоатација што ја видовме во последните два дена ми го крши срцето што нема да можам да го заштитам од тоа во иднина“, напиша Шерил на Инстаграм по смртта на Пејн.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs