Ова е таткото на Јордан Митев: Пејачот има убав повод за славење - „Да си ми жив и здрав“
Јордан Митев е пејач кој има неверојатен глас, но овој мулти талентиран музичар свири и на повеќе инструменти, особено на оние кои најчесто се дел од македонските народни песни тапан, кавал, хармоника, пијано и гајда.
Митев секогаш истакнувал дека ја сака својата земја, и покрај тоа што имал можност да работи и живее во странство тој живее во Македонија и тоа во родниот Подареш, Радовишко.
А вчера пејачот имаше убав повод за славење, неговиот татко славеше роденден.
„Среќен роденден тате. Да си ми здрав и жив до 101на!“, напиша Митев покрај честитката за роденденот на неговиот татко, а убавите желби се нижеа од следбениците и обожавателите на пејачот.
Инаку, Јордан работи и како автор и досега има напишано доста голем број композиции, а некои од нив се наградувани.
Фото: Фејсбук/Женски магазин - архива/ Youtube - screenhsot