Во кругот на најблиските ги дувна свеќичките: Горан Папаз прослави роденден

Добивај вести на Viber

Музичарот Горан Папаз имаше убав повод за да ги собере најблиските. 

Тој на социјалната мрежа Инстаграм се пофали дека прославил роденден, наполнил 37 години. И токму во кругот на неговите најдраги луѓе ги дувнал свеќичките.

Со синот Дамиан до него и неговата сопруга Наташа, која е бремена и носи тројка, Папаз со насмевка ги дувнал свеќите.

Дамиан е копија на неговиот татко, нивната сличност е неверојатна, а можеби во иднина ќе го наследи и неговиот талент кон музиката.

Музичарот неретко најискрено и со отворено срце ѝ искажува јавно љубов на својата избраничка Наташа, па за нивната годишнина од свадбата напиша: „Треба да измислам нови зборови за да ти кажам колку ми значиш и колку те сакам, затоа што "најмногу" е малце...“. Инаку парот очекува тројка, а по тој повод Папаз напиша: „1 на 10.000 биле шансите за природна тројка... ние победивме!“.


Фото: Инстаграм