Девојката која брзала на факултет е пример за солидарност: Застанала на побарана помош и помогнала на непозната личност со превоз

Добивај вести на Viber

Последниве два дена скопјани мака мачат со превозот, скоро и да нема автобуси на автобуските постојки каде неколку десетици граѓани се надеваат дека сепак ќе дојде некој автобус и ќе успеат да стигнат до саканата дестинација.

Оние кои немаат време за чекање, кои се врзани со време и во одреден час треба да стигнат некаде се снаоѓаат како умеат и знаат. А и такси превозниците се скоро преполовени по корона кризата, а и не се баш евтини денес, па и доколку ве фати гужва во сообраќајот, ќе ви отидат многу повеќе пари од планираните за превоз.

Многу граѓани се организираат преку социјалните мрежи и оние кои имаат по едно или две слободни места во автомобилите им ги нудат на граѓаните и тоа е за поздравување, но има и такви кои морат да побараат помош, односно превоз и на улица. 

Примерот кој ѝ се случил на скопјанката Ирена Лозано е за поздравување и девојката во нејзината приказна е вистински херој. Целата објава на Лозано ви ја пренесуваме во целост: 

„ Само да известам дека денес немаше автобус и после некое време тргнав пешки.. ама по пат кренав рака за да покажам дека ми треба помош за некој да ме превезе до некаде...

Многу луѓе свртеа глава, ама херојот на денот е една прекрасна девојка што се брзаше на факултет, ама сепак рече ќе те однесам до некаде ...Тоа до некаде значеше баш многу за мене.. Стигнав пред време на месото каде што требаше да бидам..“


Секоја чест девојко, ти си херој на денот. Се надевам по ова објава повеќе возачи ќе се мотивираат и охрабрат да застанат на автобуските постојки и да ги прашаат граѓаните дали им треба превоз до некаде, тоа некаде за некој ќе значи многу.


Фото: МИА/ Женски магазин - архива

Р.Ж.М.