Актуелно // Insta вести
Кога ќе се спојат македонските Моника Белучи и Мерилин Монро со нивните џентлмени на забава
- 20 Ноември, 2024
Дами кои знаат како да се носат со својата надворешна, но и внатрешна убавина. Ги вбројуваме во категоријата најубави дами во нашата земја кои се занимаваат со јавна професија. Пристојни и одлични соговорнички кои останаа достојни нивниот природен изглед иако се во петтата и шестта деценија.
Ова е една ретка заедничка фотографија на Татјана Стојановска и Билјана Дебарлиева со нивната посилна половина, Михаил и Јован.
Фотографјата е направена на одбележувањето 20 години Сојуз на стопански комори.
Двете дами за оваа пригода одбрале црна боја за нивниот изглед. Татјана е во кус фустан со светкав материјал, додека Билјана во панталони и палто.
Фото: ФејсбукРЖМ