Храбро и провокативно: Проѕирен градник, извадени гаќи и панталони - Браво за стилот во светски манир на Антониа

Добивај вести на Viber

„Право машко знае како треба, да се сака една жена“, стихови кои лесно влегуваат во глава и кои преку видеа станаа вирални и се споделуваат на социјалните мрежи. Песната „Жена“ на Антониа Гиговска која ја отпеа на Макфест со брзина на светлината стана најслушаната песна на македонската музичка сцена.

Модерна и тренди песна, со убави стихови напишани од најдоброто братско-сестринско дуо Лазар и Магдалена – Ена Цвековски и стихови во кои ќе се пронајде секоја една жена.

Антониа Гиговска не застанува. Младата пејачка и мајка, цврсто гази и едноставно знае што сака и во која насока да ја води нејзината кариера.

По хитот „Жена“ го објави и вториот дует со 2Бона, „Нема кој“ по големиот успех на нивната прва музичка соработка „Хиена“.

„Наскоро ви објавувам нешто што го спремав баш, баш долго и го спремив само за вас! Едвај чекам да видите за што станува збор“, најави Антониа.

Пејачката освен што внимателно ги одбира нејзините соработници за песните, внимава за тоа како ќе изгледа на секој нејзин настап.

Од последните фотографии кои ги објави на Инстаграм, најголемо внимание привлекоа фармерките кои ги носи Антониа со несекојдневен крој. Ваквиот изглед пејачката го надополнила со црн градник од тантела, сомотно-кафено палто и црни каубојски високи црни чизми.

Ваквиот крој на панталони беа светски тренд, ги носеа познати ѕвезди како Ријана која беше и пионерот во носење на овој крој панталони, потоа можевме да ја видиме и Ким Кардашијан, додека на Балканот револуцијата на овој тренд ја донесе Јелена Карлеуша.

Антониа очигледно го обожува ваквиот крој на панталони па и често пати на нејзините настапи одбира впечатливи панталони со несекојдневен крој.

Фото: Инстаграм
РЖН