Пред 10 години и денес: Марјана Станојковска сподели спомен, во што се крие тајната?
Најпознатата наша лото девојка Марјана Станојковска е дама која е препознатлива по нејзината витка става, русата долга коса но и по убавото лице. Јавноста ја знае со години, бидејќи е јавно лице повеќе од една деценија. А публиката ја запозна во 2005 година кога ја освои титулата за Мис на Македонија.
Истата година како претставничка од нашата земја Марјана учествуваше на изборот за „Мис Бикини на Универзумот“ каде беше крунисана како Мис Бикини на Светот.
Пред 20 години нејзиното тело и харизма го освои светот, а и денес изгледа атрактивно во бикини, но и во се‘ што ќе облече.
Она кое ја заинтегрира јавноста е фотографија која ја сподели водителката на емисијата 7-мо Небо, слика од 2013 година на која е таа заедно со нејзина пријателка. И пред 10 години косата и била руса и долга, со препознатливата нејзина насмевка... за Маријана како времето да застанало, како да ја има тајната на вечна младост. И во нејзината 3-та деценија од животот и во 4-тата таа изгледа неверојатно добро.
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М.