Кога се заборавам во музиката, фамилијата знае каде да ме најде: Димитар Андоновски семејно за празникот
Пејачот Димитар Андоновски повеќепати во јавноста нагласил дека е голем верник, почитувач на Македонската православна црква и светото писмо. А и неговите два сина носат имиња на големи светци, Михаил и Гаврил.
Поголемиот наследник Михаил вчера прослави именден, а по тој повод битолчанецот и горд татко напиша:
„Кога празничниот дух ќе те најде дури и во студиото! Кога се заборавам во музиката, фамилијата знае каде да ме најде. Честит празник-Архангел Михаил“.
Споделувајќи фотографија од неговото семејство, од сопругата Христина, синовите Михаил и Гаврил и нивното милениче.
Инаку Димитар и Христина се заедно една деценија, а пејачот покрај објавите на социјалните мрежи од неговото музичко творештво неретко споделува и семејни моменти.
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М.