Млад и згоден: Македонски музичар со црно-бела фотографија се присети на младоста
Времето на дигитализацијата ни овозможува многу повеќе фотографии направени со паметни телефони, многу повеќе спомени овековечени со фотографија, но со многу помалку емоции.
Во ерата пред дигитализацијата, фотографиите направени од апарати со филм и испечатени на фотографска хартија денес имаат поголема вредност и подлабоки емоции и спомени.
Но времињата се менуваат, па ретро фотографиите денес споделени во социјалната виртуелна заедница говорат за едно поинакво време со повеќе вредности.
Па така музичарот Ѓорѓи Васиќ или попознат како Џина Папас Џокси објави негова црно-бела фотографија направена во далечните 70-тити.
„Оваа фотографија е од 1976/77, кога бев дел од Академска сцена Мирче Ацев. Период кога почнав да размислувам за основање група, па така и настана „Макакус“, кратенка од МАКедонски АКУСтичари“, напиша Џокси како објаснување на фотографијата.
Во изминатиот период Џокси често знае да објави фотографии од неговата младост. На една објавена пред скоро година, Џокси на сликата видно помлад напиша: „Кога ме бркаа женски, а ја се правев важен …“.
Тука е оваа легендарна фотографија од младоста со Дарио.
Фото: Фејсбук