Актерката Маја Андоновска си ја отвори душата: „Не му дозволувајте на светот да ја менува вашата насмевка“

Добивај вести на Viber

Актерката Маја Андоновска Илијевски, неретко споделува дел од своето секојдневие на Инстаграм. На своите следбеници им открива мал дел од животот, но не штеди зборови ниту фотографии кога зборува за нејзиниот избраник, или пак за нивниот син Николај.

Иако редовно преку фотки доловува дел од нејзината работа и ангажираност како актерка, атрактивната битолчанка овојпат изненади со порака, преку која си ја отвори душата и на сите им порача: „Користете ја насмевката да го промените светот, не му дозволувајте на светот да ја менува вашата насмевка“.

Како вистинска битолчанка Маја е секогаш стокмена од глава до пети, секогаш на ниво на задачата на каков и настан да се појави.

А токму за стилот во интервју за Женски магазин, Маја изјави: „Стилот е нешто што расте заедно со личноста. Јас ја имав таа среќа да растам и учам од мајка ми, една прекрасна, културна,  беспрекорно средена, преубава жена. И верувајте не дека ми е мајка, но таа ден денес важи за една од најсредените жени во Битола. Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.


Фото: Инстаграм/ Женски магазин - архива

Р.Ж.М.