Убава во своите 30-ти, уште поубава во 40-тите и неодоливa цел живот: Татјана Стојановска прослави јубилеен роденден
Бидете убави во своите триесетти, шармантни во своите четириесетти и неодоливи цел свој живот, вака убава ја познаваме уште при нејзиното прво телевизиско појавување.
Водителката Татјана Стојановска важи за една од најубавите жени кај нас. Секогаш негувана, со насмевка која ја краси и со манири кои оставаат впечаток на жена која знае што сака.
Татјана прослави јубилеен роденден. Објави фотографија со торта на која дува свеќички со бројот „50“.
„Драги мои Ви благодарам за желбите, честитките и се она што ми го посакавте денеска да ни биде секојдневие на сите. Многу здравје и среќни моменти во животот да имаме, да се сакаме и почитуваме и да го славиме животот“, напиша Татјана.
Неодамна таа гостуваше во поткасот на Женски магазин поддржан од Фактор, каде зборуваше на многу теми семејсвото, естетските зафати, модата.
Фото: Инстаграм