Александар Митевски горд покрај сопругата и двете ќерки: Не ја симнува насмевката
Македонскиот пејач на забавна музика, композитор и продуцент Александар Митевски во кругот на најблиските ја прослави домашната слава Свети Архангел Михаил.
Со двете негови веќе пораснати ќерки, Ања и Мања, неговата сопруга Ана и нивното милениче куче бишонче во убава домашна атмосфера ги пречекале своите драги гости.
Со фотографијата која ја сподели дуото Дац и Александар на нивниот заеднички профил на Фејсбук, може да ѕирнеме во домот на Александар и да издвоиме дека музичарот е љубител на убави уметнички дела, а неговите три дами се потрудиле празничната трпеза да биде полна и убаво наместена за славата.
Дамите за трпезата за славата се одлучиле да стават детали во жолта и црна боја. И целото семејство за овој убав ден се одлучиле да носат црно. А познавачите на модата секогаш велат кога не знаете што да облечете одберете црно, со црно никогаш нема да погрешите.
Интересно е и тоа што и двете девојки, Ања и Мања својата убавина ја наследиле од мајка им Ана, и двете повеќе наликуваат на неа, но можеби го наследиле талентот за музика од татко им, досега наследничките јавно не се претставиле со музика, но останува да видиме.
Фото: Фејсбук
Р.Ж.М.