Ова е Нела, Македонката која го воодушеви жирито и доби стоечки овации на хрватското шоу „Суперталент“ (ВИДЕО)
Нела Манчевска (12) е Македонка која го воодушеви жирито на хрватското шоу „Суперталент“. Таа на шоуто го отпеа хитот „I Have Nothing“ на музичката дива Витни Хјустон.
- Ова е голема работа што ја направивте. Ова е одлична песна. Мислам дека ви треба само повеќе искуство... Бевте одлични - изјави Фабијан Павао Медвешек.
- Мислам дека сега си совршена и уживај во годините и детството... Пееш многу, многу убаво - искоментира Давор Билман.
- Изгледаш како принцеза и едно нешто што ми недостигаше за време на настапот беше твојата насмевка - рекла Маја Шупут.
- Имаш навистина убав глас и не знаеш каков ќе биде твојот глас во иднина. Биди спремна... Сакам само повеќе да пеете со вашето тело – заклучи Мартина Томчиќ.
Инаку, Нела пее повеќе од четири години. Иако сака да
носи опуштена облека во слободното време, таа сака да носи вистински сценски
костими за сцената.
Нела има учествувано на голем број домашни и странски фестивали, каде има освоено и награди. Нела одлично знае да свири и на пијано.
Нела ја освои „Гран-при“ наградата на првиот интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“, со песната на Тоше „За овој свет“. На овој фестивал се претставија дваесетина млади пејачи од целиот Балкан, но и од Русија, Украина, Малта и од Израел, во живо ги отпеаја песните на една од најголемите македонски музички ѕвезди, Тоше Проески.