Рецепт за салата „Снежна кралица“: Ќе заборавите на Мимоза и Руска, а ќе биде украс на секоја трпеза
Пробајте го рецептот за салатата „Снежна кралица“, која сигурно ќе ве освои уште при првиот залак
Оваа салата освен што е вкусна, лесно се прави и ќе биде украс на секоја празнична трпеза. Сигурно сите ќе ве прашаат за рецептот, а вашето семејство ќе биде воодушевено. Одлично оди со новогодишното печење.
Состојки:
200 гр варен ориз
2 варени моркови
2 варени компири
4 кисели краставички
1 китка магдонос
10 маслинки
5 јајца
350 гр шунка
300 гр мајонез
400 гр кисела павлака
сол по вкус
Фото: Printscreen/youtube/kuhinja valentina mašković
Подготовка:
Процедете го преварениот ориз, оставете го да се излади, па ставете го во длабок сад. Додадете ситно сечкан магдонос, шунка и маслинки. Потоа додадете павлака и измешајте сè. На поголема чинија ставете кружен калап, па наполнете го со половина од смесата и убаво израмнете го. Премачкајте со малку мајонез. На поголемо ренде изрендајте ги морковите, јајцата и краставиците, па наредете ги во калапот. Одозгора повторно додадете мајонез, па наредете ја преостанатата смеса од ориз. Салатата премачкајте ја со павлака и мајонез и украсете ја по желба со останатите состојки. Ставете го во фрижидер 3 часа да се излади. Пред сервирање, извадете го калапот и послужете со прилог по ваш избор.
Извор: stil.kurir.rs