„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

Добивај вести на Viber

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во тек е инсталирање на нов апарат за зрачна терапија, линеарен акцелератор TruеBeam од реномираниот производител Varian. Инсталирањето на апаратот ќе трае околу 7 недели по што ќе биде достапен за третман на пациентите во Центарот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“. 

Акцелераторот TruеBeam е револуционерен апарат за радиотерапија кој користи најсовремени модалитети за третман на тумори. Зрачната терапија е директно насочена кон целното туморско ткиво со максимална заштита на околното здраво ткиво, при што се добива зголемен ефект на радиотерапијата. Една од поголемите предности на овој апарат е можноста за користење на радиохирургија која во одредени случаи ја заменува хирургијата кај малигни и некои бенигни заболувања.