Калиопи во друштво на личен фризер на семејството Гадафи: „Некои души имаат посебно место во нашите животи…мојата“

Добивај вести на Viber

Македонската поп-дива Калиопи Букле, по успешниот концерт во Скопје, деновите им се посветува на своите блиски пријатели и соработници.

Објави заедничка фотографија со познатиот стилист Борис Обрешки, инаку глобален мастер едукатор за боја на коса, сценски перформер и креатор на специјални техники за боење коса.

Очигледно овој човек е важна личност во животот на Калиопи, па напиша: „Некои души имаат посебно место во нашите животи … Мојата“.

View this post on Instagram

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

За младиот белградски фризер Борис Обрешки многумина би рекле дека е роден под среќна ѕвезда, бидејќи во животот добил десетици понуди кои тешко се одбиваат. На 21-годишна возраст стана личен фризер на семејството Гадафи, но одби трајно да се пресели во Либија. Сега добива понуди за работа од целиот свет, но сака неговата „база“ да остане Србија. Овој млад човек тврди дека среќата не е толку важен фактор, колку што се материјализираат напорите и работата.

Сопругата на тогашниот претседател Моамер Гадафи, Сафи, го забележала Борис и побарала да и направи пунџа каква што носела една од девојките од модната ревија. Иако добил одлична финансиска понуда, тој одбил да остане во Либија. Тој никогаш не зажалил за својата одлука, пред сè поради фактот што семејството Гадафи имаше трагичен крај.

Фото: Инстаграм
РЖМ