Загина на роденденот: Домот на Лепа Брена повеќе не е ист без него

Добивај вести на Viber

Таткото на Лепа Брена ја напушти пејачката во нејзините млади години

Најголемата балканска ѕвезда Лепа Брена во текот на кариерата помина низ многу премрежја, животот не се грижеше за неа уште од најрана возраст, па ако мислите дека никогаш во животот не плачела, сериозно се лажете. Таткото на Лепа Брена ја напушти пејачката пред години, но тоа и до ден денес ја боли.

Нејзините солзи беа главно солзи радосници, но не е тајна дека балканската ѕвезда ги пролеа и поради тешките околности и болните искуства кои оставија трага во нејзиното срце. Еден настан особено направи пресек во срцето.

Таткото на Лепа Брена и беше најголем поддржувач во животот, а таа тешко го прифати неговото заминување.

Со заминувањето на драгите луѓе, пред се родителите Абид и Ифета Јахиќ, најтешко се снајде Брена. Таа многу тешко ја поднесе смртта на нејзините родители и спасот го најде во топлото семејно гнездо и во прегратката на Боба.

Не изостана и поддршката на наследниците Виктор и Стефан.

Имено, таа пред извесно време објави фотографија со Абид од поодамна, а во описот се пофали дека тој и бил најголемиот поддржувач.

Брена својот татко го загуби во сообраќајна несреќа во 2010 година на нејзиниот роденден, а четири години подоцна на денот на славата на семејството Живојиновиќ ја загуби и мајка си.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot