Свекрвата и снаата ечеа на Бежанијска коса: Брена и Пријовиќ пееја на Аранѓеловден, гостите се забавуваа
Синоќа семејството Живојиновиќ ја прослави куќната слава Аранѓеловден, а како и секоја година на тој ден нивниот дом беше преполн со гости.
Половина од српската естрада се собра во домот на балканската дива Лепа Брена на Бежанијска Коса, а прославата траеше до зори.
Како што пренесуваат српските медиуми во домот на Брена секоја година е многу весело.
Лепа Брена, која од глава до пети била облечена во црно со ѓердан околу вратот. На веселата празнична атмосфера не останала рамнодушна ниту Брена, ниту нејзината снаа па во еден се фатиле за микрофонот. Брена ги отпела дел од нејзините хитови.
Александра Пријовиќ пак била облечена во тексас фармерки и кошула и цело време играла додека Брена пеела.
Подоцна Александра ги отпеала нејзини песни, по ги кренала присутните гости на нозе.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs