Јелена Карлеуша бесно порача: Заслужуваш да го избришам подот со тебе! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

На една црногорска телевизија познатиот актер Драган Маринковиќ Маца се осврна на скандалот кој со години ја следи Јелена Карлеуша, алудирајќи на инцидентот кога фудбалерот без нејзина дозвола сподели експлицитни фотографии.

Карлеуша брзо реагираше преку социјалните мрежи, остро му одговори на актерот:

„Не е проблем за ѓубре кога некој „јава госпоѓа“, туку кога тајно ја фотографира, се заканува, уценува и на крајот ги испраќа тие слики во весник, затоа што тој е одј*бен. Смрдеж како тебе во тоа не гледа проблем, бидејќи ти го правиш истото, само ТИ „не јаваш“ ваква госпоѓа, па немаш ништо важно да испратиш до медиумите. Само да те потсетам дека и после ваква бедна изјава ме замоли да се сликам со ќерка ти, ако не се лажам, па само ја свртев главата за да избегнам пред неа да те плукнам“, напишала пејачката. 

Дополнително, Јелена јавно објави преписка со водителката на емисијата Ивона Благојевиќ во која како гостин се појави Маца.

Откако Ивона ѝ испратила порака во која се правдала дека шоуто е од забавен карактер без намера да навреди никого, Карлеуша ѝ одговори краток и остар: 

„Несреќна жено, ако вашата забава е омаловажување и навредување на жените од страна на гостите во вашата емисија и жените кои постигнале многу повеќе во животот од вас и сите заедно, тогаш навистина заслужувате да го избришм подот со вас“ – напиша пејачката и потоа ја блокирала водителката.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot