Голема прослава во домот на Надица Адемов! По раѓањето на синот и роденденот на ќерката, пејачката и сопругот повторно имаат причина да бидат среќни
Пејачката Надица Адемов неодамна го роди своето второ дете, синот Амел, а сега има уште една причина за славење.
Откако таа и нејзиниот сопруг, бизнисменот Дамир одржаа гала прослава по повод првиот роденден на нивната ќерка, сега има уште една причина за славење во домот на пејачката.
Имено, Надица денеска слави роденден.
По тој повод таа доби многу честитки и пораки со најдобри желби кои гордо ги сподели на својот Инстаграм профил.
Иако пред десет години се појави на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ и веднаш ја освои публиката со својот глас, а сега е сакана сопруга и грижлива мајка, сепак јавноста ја гледа како девојка која им се залепи до срце и се истакна по скромноста и младоста, а малкумина знаат колку години навистина има Надица.
Денес, 18 ноември, Адемов полни 28 години.
Да потсетиме, Надица Адемов неодамна проговори за врската со Дамир, на кого ги роди ќерката Мелина и синот Амел.
Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs