Голема прослава во домот на Анастасија и Немања Гудељ! Пејачката јавно објави сѐ
Анастасија Ражнатовиќ со емотивни зборови му го честиташе роденденот на својот сопруг Немања Гудељ.
Ќерката на Цеца сподели емотивно видео на својот Инстаграм профил и напиша:
- Среќен роденден Бубо! Те сакам без неописливо! Господ нека те чува и нека го благослови секој твој чекор во животот. Секогаш ќе бидам со тебе и ќе те поддржувам до крајот на животот – напиша Анастасија во описот на објавата.
Честитките под видеото само се редеа: „Среќен роденден, се‘ најдобро“, „Вечна да ви е љубовта, се‘ најдобро“, „Прекрасно, бидете среќни засекогаш“...
Да потсетиме, Анастасија и Немања се венчаа во јули минатата година во манастирот Рајиновац. Анастасија на црковната венчавка блесна во бел фустан, а кума и беше долгогодишната пријателка и актерка Тара Милутиновиќ.
Потоа во мај направија граѓанска венчавка и организираа свадба за блискиот круг на пријатели и роднини - најблиските членови на семејството, Ражнатовиќ и Гудељ и кумовите. Семејството, мајката, сестрата, таткото и братот на Немања пристигнаа еден час пред почетокот на церемонијата, а ги пречека самиот Немања.
Фото: Youtube - screenshoot