„Моите три деца ме научија како е да се живее за некој друг, тие да се приритет, а јас на последно место“: Интервју со Маријан Стојановски
Веруваме
дека нема роденден на кој не се пее неговата песна „Подарок“, која ја отпеа во
2002 година и се најде на истоимениот музички албум. Маријан Стојановски во
неговата музичка кариера има отпеано многу песни кои по повеќе од 20 години сè
уште се слушаат.
Веќе неколку години е во „илегала“ од македонската музичка сцена, но затоа пак е редовен во хорот и на репертоарот на Македонската опера и балет.
Пред четири години за првпат стана татко и со сопругата Наташа ја добија ќерката Вероника, па потоа се роди Петар, и од пред 14 месеци гордо го носи епитетот татко на три дечиња кога на свет дојде малата Кирјана.
Маријан Стојановски пет години ужива во среќен брак со сопругата, а нивните дечиња се плод на таа љубов.
Вели дека не се повлекол од музиката, едноставно по златното доба на македонската естрада, иако продолжил да снима нови песни и да се појавува на фестивали, интересот на медиумите не бил доволен. За повторно враќање вели никогаш не се знае.
„Можеби еден ден и ќе снимам песна. Целта би била чисто од љубов или некој јубилеј“, вели пејачот.
Дел е од хорот на МОБ, каде се чувствува исполнет и со голема љубов го работи токму тоа што го сака.
„Да, за моја среќа, Слава на Бога имам чест да работам со прекрасни музичари, прекрасни колеги. Еден мој ден е исполнет со многу музика, пеење и едноставно уживам во мојата работа. Го работам тоа за што сум роден и тоа што го сакам“, ракажа пејачот.
Минатата година стана татко по трет пат, се роди малата Кирјана. Сега мозаикот составен од мама Наташа, тато Маријан, Вероника и Петар е целосен.
„На моја среќа, Слава и фала на Бога, ми подари 3 прекрасни деца. Вероника, Петар и Кирјана и сопругата Наташа која ги донесе на овој свет. Нашата среќа не се опишува. Наутро те будат мили дечиња со нивната насмевка, чистина и радост. Прво сите заедно лежиме, потоа стануваме и играме буквално цел ден креативни игри од мое време“, вели Маријан.
Децата го научиле на многу работи за кои претходно не знаел дека може да ги чувствува и дека откако постојат тие секогаш се приоритет број еден.
„Ме научија како е да се живее за некој друг, место само за себе како е да се живее само за нив како си ти на некое на пример 5-то место и како е дечињата да ти се приоритет и број еден. Друго се е под нив. Научив како да сум на последно место и верувајте преубаво ми е и едноставно уживам“.
Вероника, Петар и Киријана се прекрасни, мирни и послушни деца. Вероника има 4 години, Петар ќе полни 3 во Декември, а Кирјана има 14 месеци. Околу грижата за нив, обврските се поделени.
„Задолжени сме подеднакво и двајцата, можеби Наташа повеќе заради моите обврски во МОБ. За зборот „напор“ во врска со моите златни дечиња и сопруга не постои. На сопругата и посветувам многу доволно и во целост внимание, но за тоа таа сама треба да каже“, вели Маријан.
Омилени игри кои ги играат по дома се многу, но една од омилените е поврзана со музика, свирење на различни инструменти.
Децата се вистинско богатство за едно семејство, а со среќниот брак се дава еден целосен среќен семеен портрет. Успехот на еден брак треба да се бара во заемната почит и толеранција кои ја сочинуваат љубовта, кроткоста и трпеливоста, а во таков брак веќе пет години уживаат Маријан и Наташа.
Габриела Додевска ГлигоровскаФото: Приватна архива