Сè повеќе жени одат кај пластични хирурзи за гениталиите: Лекарите открија што се случува по операцијата и како тоа влијае на сексуалниот живот

Добивај вести на Viber

Додека зборувањето за сексот и интимните делови од телото беше табу, денес се‘ почесто жените целосно отворено зборуваат за проблемите од сексуална природа, но и одлучуваат да направат нешто кога ќе се појават.

Денес, многу жени по породувањето одлучуваат да направат пластична операција на интимната зона, но ова не е единствениот случај кога сакаат да го подобрат изгледот „таму долу“, велат хирурзите и објаснуваат како корекциите кои некогаш биле табу сега се практично доста честа појава.

Како што пренесува „MONDO“, во светот на пластичната хирургија постојат операции за кои често се зборува во медиумите, па дури и пациентите ги рекламираат „од ведро небо“, но има и такви кои најчесто се кријат од јавноста бидејќи се засрамени. Без разлика дали ќе премолчат или, пак, немаат проблем јавно да зборуваат за нив, голем број пациенти се обраќаат кај хирурзите со барање да го разубават изгледот на гениталиите.

Според некои статистики, во САД секоја недела околу три жени посетуваат пластичен хирург за консултации поврзани со интимниот регион. Популаризацијата на овој вид пластична хирургија зема замав, жените станаа поотворени и подготвени да ги решат своите естетски или функционални проблеми во интимната зона.

Најчесто се одлучуваат за операција на гениталиите по породувањето.

– Породувањето многу често влијае на изгледот на интимната зона на мајката, а во тоа може да помогне и пластичната хирургија – истакнуваат експертите. Овие операции во никој случај не го нарушуваат квалитетот на интимниот живот, а понекогаш го прават уште подобар и посензуален.

Пластичните хирурзи забележуваат дека најголемиот дел од пациентите се жени на возраст меѓу 25 и 40 години.

- Меѓу нив, покрај оние кои се пријавиле за интервенција по породувањето, има и такви кои едноставно не се задоволни од изгледот на гениталиите. Ова незадоволство прераснува во комплекс, кој дополнително ги блокира да имаат интимни односи со спротивниот пол и да остварат врска – објаснуваат хирурзите.

Фото: freepik