Дали интимните односи ЗА ВРЕМЕ НА ПОСТОТ се грев? Многумина се во голема дилема, а еве што велат отците

Добивај вести на Viber

Дали интимните односи ЗА ВРЕМЕ НА ПОСТОТ се грев? Многумина се во голема дилема, а еве што велат отците

Божиќниот пост започнува наскоро, поточно на 28 ноември и трае 40 дена – до 7 јануари. Постот, како духовна пракса, е многу повеќе од воздржување од одредена храна. Тоа е време на интроспекција, молитва и откажување од лоши мисли и постапки. Но, што е со интимните односи во овој период?

Според теологот Милош Стојковиќ, суштината на постот не е само во исхраната, туку и во менувањето на внатрешната состојба на умот и срцето. Додека физички се воздржувате од одредена храна, важно е истовремено да постете од негативни мисли и постапки. Затоа, постењето со дела е исто толку важно како и постењето со храна.

- Залудно е да се пости со храна, без, на пример, да разговараме со соседите, роднините, пријателите, бидејќи самиот Бог, кој се раѓа, чие раѓање го чекаме за време на постот, рекол дека кој не го сака човекот, не може да го сака и Бога. Важно е верниците да знаат дека залудно ни е да го постиме целиот пост со храна, а одвнатре ако не се помируваме и менуваме. Од друга страна, постот беше воспоставен за во текот на неговото траење повеќе да размислувате за својата душа - изјави Стојковиќ.

Отец Љубо на својот Инстаграм истакнува дека постот не е само физичко одрекување, туку и откажување од сите форми на страст. Интимните односи, иако не се забранети, не се ни пожелни за време на постот.

„Не е грев, драги мои, постот и посните денови во календарот се потполно исти. Секој ден е голема одговорност пред Бога и луѓето. Затоа, нема разлика помеѓу постот и посните денови. Сепак, во пресрет на Светата Причест, совет е, а не заповед, да се воздржуваме од секаква страст, вклучително и од оваа, брачна врска, да му се посветиме на Христа со сето свое битие и духовно и телесно“, советува отец Љуба.

Како зборувал апостол Павле на оваа тема?

Според неговото учење, интимните односи во бракот не се грев. Напротив, брачните односи се свети и не треба да се сметаат за грешни, бидејќи брачните другари станале едно тело. Ова учење им дава олеснување на многу венчани верници.

Меѓутоа, вечерта пред причестувањето треба да се воздржува од секаква храна и пијалак, како и од сите други телесни задоволства и тоа време да се помине во молитва. Се‘ на се‘, за време на постот, до причестувањето на литургијата не се препорачува водење љубов - нагласуваат свештениците.

Во суштина, Великиот пост е време на духовен раст и промена. Без разлика на различните толкувања и практики, важно е секој да си го најде својот пат до духовно прочистување, во согласност со своите верувања и вредности.


Фото: freepik