Сопругот ги оставил Ана и двете деца поради љубовницата, но не ни сонувал што ќе му направи неговата изневерена сопруга: Му го претворила животот во пекол

Добивај вести на Viber

Љубовните афери се се‘ почести, додека мажите генерално почесто изневеруваат. Многумина изневеруваат мислејќи дека ќе бидат посреќни. Меѓутоа, наскоро дознаваат дека не биле ни свесни што имаат покрај себе, додека не го изгубиле.

Така еден Димитрије ја оставил својата сопруга со која има деца и која се‘ жртвувала за него поради неговата љубовница. Меѓутоа, наместо да страда и да плаче за својата судбина, Ана излегла посилна и му одржала вистинска животна лекција.

А ова е нивната приказна:

Ана и Димитрије поминале пет години во брак. Во тој период тие станале родители на две момчиња, близнаци. Нивните тригодишни синови биле исклучително активни и тврдоглави, но Ана успеала да се справи со нив.

Таа верувала дека ја живее совршената приказна: сопруг кој ја обожава неа и двата сина како круна на нивната љубов.

Меѓутоа, нејзиниот свет се распаднал кога Димитрије ѝ открил дека сака друга жена и дека планира да започне нов живот со неа. Ана преокупирана со грижата за своите синови не забележала дека се случува такво нешто, па оваа вест за неа била уште поголем шок.

Таа погледнала назад во својот најлош кошмар. Цел живот се плашела од такво сценарио, завршувајќи како разведена жена со две мали деца.

Кога сопругот ѝ ја кажал вистината, таа не направила скандал. Направила нешто неочекувано: му рекла на сопругот слободно да остане во нивната куќа, згора на тоа да ја донесе и неговата љубовница!

Димитријe на почетокот мислел дека Ана полудела, но кога почнала да си ги пакува работите следел вистински шок. Имено, оваа жена одлучила дека таа ќе замине, а децата и сопругот ги оставила дома на грижата на неговата љубовница.

„Јас сум таа мајка која ги остави децата на сопругот и на неговата љубовница, но не затоа што бев себична, туку затоа што ми беше преку глава. Ми здосади да бидам грижлива мајка и добра сопруга, се по список, а дека најлошото ми се враќа. Сега ќе мислам само на себе.

Таа се согласила да плаќа алиментација за момчињата, си собрала се‘ и заминала. Секој викенд доаѓала да ги земе децата, ги чувала и на празници или кога Димитрије не можел.

Но, љубовницата на нејзиниот сопруг одбила да биде мајка на нивните деца. Сето тоа ѝ било заморно и не сакала да живее во таква заедница. Таа го сакала Димитрије, но не и неговите деца.

По неколку недели заеднички живот Димитрије останал без љубовница и сопруга.

Не можејќи да се замисли да живее како самохран татко, ја замолил Ана да се врати дома. Таа се согласила, но под еден услов - Димитрије да ја префрли куќата на неа и на децата и секој месец да ѝ плаќа алиментација. Враќање на старо не доаѓало во предвид.

Ана сега била таа што побарала развод, а по се‘ што помина, стана вистинска инспирација за жените, особено за оние кои минуваат низ слична ситуација.


Фото: freepik