Во БИХ денеска речиси ништо не работи, недела неработен ден важи и за моловите
На територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска е законски неработна недела за продавници освен за пекари, бензински пумпи, цвеќарници и маркети.
И додека многу работници денеска имаат слободен ден, нивните колеги во пекари, цвеќарници, маркети, пазари и бензински пумпи работат и денеска, како и кина и угостителски објекти (освен ако сопствениците на дуќаните не одлучат поинаку).
Трговците, но и граѓаните, ќе мора да се навикнат да пазарат во преостанатите денови од неделата. Затоа во саботата, особено во вечерните часови, се забележани огромни гужви во трговските центри и супермаркетите.
Сојузниот министер за трговија, Амир Хасичевиќ, ден пред почетокот на законот за неработна недела изјави дека сите трговски центри можат да работат (кина, цвеќарници и ресторани), но трговските објекти внатре во центарот мора да бидат затворени во недела.
Сојузниот пазарен инспекторат, во соработка со кантоналните инспекциски тела, во недела ќе ги организира активностите на пазарните инспектори на подрачјето на сите кантони во БИХ.