Потресна приказна: Никој не дошол на роденденот на девојчето (5), а таа постојано повторувала само една работа

Добивај вести на Viber

Потресна приказна: Никој не дошол на роденденот на девојчето (5), а таа постојано повторувала само една работа

„Беше понижувачко и срамно. Ти, мое мало храбро девојче, не плачеше. Секогаш имаше насмевка и гледаше кон вратата. Ми покажа колку си силна“,  напиша нејзината мајка на социјалните мрежи

5-годишно девојче од Кортона, Италија, повикала 35 пријатели, за заедно да го прослават роденденот. Пред прославата 10 од нив најавиледека нема да дојдат, но игротеката требало да се наполни со останатите 25. Но, никој не се појавил.

- Зошто никој не дојде на мојот роденден?, прашало тажно девојчето кое славело роденден. Разочарана била и нејзината мајка, а сопственикот на игротеката се обидел да го забавува малото девојче. Целата приказна мајката ја сподели на социјалните мрежи.

- Беше понижувачко и срамно. Ти, мое мало храбро девојче, не плачеше. Секогаш имаше насмевка и гледаше кон вратата. Ми покажа колку си силна – напишала нејзината мајка.

Пред медиумите се обрати и сопственикот на игротеката.


 - Прославата беше подготвена до најситниот детаљ – машина за пуканки, слатки за памук, големи гумени лизгалки. Знаевме дека десет од нив нема да дојдат, но залудно ги чекавме другите. Родителите се обидоа да добијат одговори, но никој не се удостои да го објасни непристигнувањето - изјави Чиро Лофредо, сопственик на детската игротека, кој продолжи:

- Само праша зошто пријателите не ја посетиле. Не плачеше, иако беше разочарана. За ова не се виновни децата, туку родителите. Децата секако би дошле да си играат - изјавил Лофредо и додал дека се обиделе да ја расположат со импровизирана забава само за неа.


Фото: Фејсбук