Викторија е Мис Универзум 2024: Најубавата жена на светот испрати две важни пораки, а нашата Теа не влезе во топ 30
Синоќа во Мексико Сити се одржа 73-от избор за Мис Универзум, а од 125 натпреварувачки беше избрана најубавата.
Во избор од 125 натпреварувачки, титулата Мис Универзум 2024 година ја освои Викторија Кјер Теилвиг од Данска. Додека нашатаТеа Ѓоргиевска за жал не успеа да се пласира меѓу 30-те финалистки.
Финалето се одржа во Мексико Сити, а тијарата на новата најубава жена на светот и ја предаде поранешната Мис Универзум, Шанис Паласиос од Никарагва.
Таа влезе во историјата
Викторија има 21 година, професионален танчер, претприемач и иден адвокат. Таа влезе во историјата на својата земја како прва Мис Универзум. Во финалето пет девојки одговараа на прашања на повеќе теми. На прашањето што ќе им каже на оние што гледаат, Викторија рече: „Продолжете да се борите... Без разлика од каде доаѓате. Јас стојам овде денес затоа што сакам промени, сакам да напишам историја и тоа е она што го правам вечерва. “, изјави таа.
Која е новата Мис Универзум?
Родена е во 2004 година во Грибсков, регион на главниот град на Данска, а пораснала во мирно предградие на Копенхаген. Подоцна се преселила во градот за да го продолжи своето образование и кариера. Посетувала средно училиште, а потоа дипломирала маркетинг. Нејзиниот претприемачки дух и овозможи да се пробие во индустријата за накит, специјализирана за продажба на дијаманти. Убавата Викторија го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, планира да стане адвокат, а исто така е страстен застапник за заштита на животните и ментално здравје.
Како професионална танчерка на Европските и Светските првенства и учителка по танц, таа ги инспирираше другите со својата посветеност. „Танцот отсекогаш бил моето бегство, мојот начин да се изразам и да се поврзам со другите“, изјави Викторија во интервјуто по натпреварот.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot