ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ во ЕУ: Нема повеќе преминување на границата како порано, наскоро ќе се воведе систем кој менува се‘ од корен
Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) ќе почне да се применува следната година, а веќе на големо се зборува за тоа како ќе изгледа во пракса, како и кои се причините за одбивање на барањето.
Постојат неколку причини зошто вашето барање за овластување за патување ETIAS, кое ќе се применува од мај 2025 година, може да биде одбиено.
– Патничките документи што ги користевте можеби се пријавени како изгубени или украдени.
- Можеби сте прогласени за безбедносен ризик, потенцијален илегален имигрант или висок ризик од епидемија.
- Не доставивте дополнителни информации или документација што се бара од вас за обработка на апликацијата во дозволениот рок или не присуствувавте на закажаното интервју.
- Претходно ви беше одбиен влез и престој во земја на ЕУ, а е снимено и предупредување.
- Постојат разумни сомневања за веродостојноста на информациите што сте ги дале или изјавите и документите што сте ги понудиле. Повеќе на Фактор.мк