Била поинаква! Петар бил прв дечко на Меланија Трамп: „Не траеше долго, отидов во војска...“
Откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во Америка, стана јасно дека наскоро повторно ќе ја гледаме неговата сопруга Меланија Трамп почесто во јавноста.
Во брак се од 2005 година, а пред тоа за нејзиното внимание се натпреваруваа многу мажи од родната Словенија. Меѓу нив е и Јуре Зорчиќ. Меланија го маѓепсала додека го возел својот мотор. Ја видел како оди по улицата и застанал да ја пречека.
- Таа не беше типична словенечка девојка. Сакаше да живее во странство, во Италија, Франција. Беше многу модерна - изјави Зорчиќ. Ја поканил Меланија на кафе и заедно биле 4 месеци. Биле на летување во Хрватска со пријателите.
- Бев во благ шок кога ја сретнав. Таа е многу посебна, тоа е вистина. Од првиот момент бев импресиониран од нејзината убавина. Беше многу убаво облечена, а и елегантно се однесуваше. „Беше висока, имаше долга коса што и паѓаше преку лицето - едвај и ги видов очите - имаше толку многу стил“, рече тој. Подоцна живеела во Париз и Милано, а се преселила во Њујорк кога добила понуда од компанија за нега на коса.
Кога повторно се сретнале во 2000 година во Њујорк, на Јури му се обратила на англиски, нагласувајќи дека не се враќа во Словенија.
- Ја прашав: Заборавивте дека сте Словенка? Ми кажа дека времето го поминува патувајќи меѓу Њујорк и Флорида и дека никогаш нема да се врати во Словенија. Мислам дека нејзиниот брак со Трамп беше судбина. Пред 20 години никој не веруваше дека ќе живее на врвот на светот, на Петтата авенија во кулата Трамп, дури ни самата таа – заклучил поранешното момче на Меланија.
Првата голема љубов на Меланија бил Петар Бутолн, поранешен новинар, кој изгубил контакт со Меланија откако тој се приклучил на војската. Во 2016 година, Бутолн го ставил на оглас мотоциклот Веспа, кој го возел со Меланија низ Љубљана и Словенија во 1987 година. Приходите од продажбата биле наменети за хуманитарни цели, а почетната цена на аукцијата била 9.900 долари.
- Да, тоа е мојата веспа и кога бевме заедно со Меланија, ја возевме низ Љубљана и до морето до Порторож. Јас бев нејзиниот прв дечко, но тоа не траеше долго, бидејќи морав да одам во војска за воен рок, а таа потпиша договор со модна агенција од Милано. Сепак, тоа лето 1987 година ни беше доста забавно - рече Петар.
Тие биле во врска три месеци, а за поранешната девојка изјави дека отсекогаш била убава и витка. Тој бил и во нејзиниот стан.
- Тоа беше мал еднособен стан. Таму живеела со нејзината сестра Инес, која била четири години постара. Прво живееле со татко им под кирија, а потоа татко им купил стан. Таа беше двапати во мојот стан. Убаво си поминавме, на младешки начин. Не сакала долги состаноци, не пиела алкохол, како другите девојки. Таа сакаше да одмара додека беше на снимања. Нашето дружење го прекина војската што ја служев во Јастребски. Оттогаш не сме се слушнале – вели Бутолн.
Фото: Youtube - screenshoot