Кралицата видена во јавност по болеста: „Сè уште кашлам“

Добивај вести на Viber

Британската кралица Камила (77) за прв пат се појави во јавноста откако се дозна дека е болна, а откри и како се чувствува деновиве.

Кралицата Камила се врати на службените должности по инфекција на градниот кош.

„Се‘ е подобро. Сè уште малку кашлам, но навистина сакав да бидам тука. Се опоравувам, за ваквите работи секогаш е потребно малку време... но се надевам дека ќе се подобри", рекла Камила.

Поради инфекција на дишните патишта, таа мораше да го пропушти Денот на примирјето минатиот викенд, но сепак се појави на настанот.

Иако првично требаше да биде присутна цело време, поради болест и симптоми, таа остана околу 15 минути, при што разговараше со финалистите. Како што пишува Дејли Мејл, Камила за тоа кратко време неколку пати кашлала.

Откажа неколку обврски

На 5 ноември Бакингемската палата објави дека здравјето на кралицата е нарушено, поради што таа откажа неколку планирани ангажмани. Меѓу нив е и премиерата на филмот Гладијатор II, прием за освојувачите на медали на Олимписките и Параолимписките игри во Париз и прославата на 76-тиот роденден на кралот во четврток.

Кралицата го прилагоди и остатокот од распоредот поради болеста. Оние ангажмани кои се‘ уште се на него ќе бидат пократки.


Фото: Youtube - screenshoot