„Менструален циклус во живо“: Познатата пејачка ја исмеваат за ова видео, жените ја бранат, а потоа проговори

Добивај вести на Viber

Таа пееше на погребот на нејзиниот музички модел, познатата пејачка Ета Џејмс, кога се случи непредвидена ситуација која предизвика бројни коментари.

Во 2012 година Кристина Агилера изведе песна во чест на Ета Џејмс, а камерата за време на настапот сними течност на нејзината нога. Таа слика, односно снимката деновиве се коментира.


„Тоа е менструална крв“, „Имаше циклус во живо“, се коментираше, а некои дури ја нарекоа снимката „менструален циклус во живо“, како да не е сосема природна појава, под услов воопшто да се работи за менструација.

Очекувано и за жал некои ја исмејуваа, многу жени ја бранеа затоа што сепак на многумина може да им се случи ненадеен циклус или слични ситуации.


Кристина Агилера на крајот се огласила и рекла дека се работи за спреј за самопотемнување, кој почнал да се „топи“ поради потта, пишува ew.com.

Фото: X
Извор: Zena.blic.rs