„Нормално е да носите иста облека 3 дена, да јадете пиперки и грав два дена: Сека Алексиќ распали поради лажните животи на Инстаграм
Пејачката Сека Алексиќ при своето последно интервју отчита лекција до најмладите кои имаат нереални очекувања од животот бидејќи сметаат дека се што ќе видат на социјалните мрежи е вистина.
- Нормално е детето три дена да носи тренерка на училиште и да ја извалка, па кога мама ќе ја испере се суши, па пак истата. Не е нормално да ја менувате вашата гардероба секој ден. Тоа, деца, не е нормално. Не е нормално, луѓе, да гледате јавни личности низ социјалните мрежи како рекламираат се и сешто, рекламираат прескапи производи, парфеми, шминка, скапи животи, Дубаи и така натаму - истакна Сека.
-Тоа не е нормално. Тоа не е вистински живот. Тоа е трик. Тоа е заблуда. Тоа е лага. Нормално е да си дома, да не си во Дубаи. Нормално е да се јаде грав два дена или полнети пиперки, или мусака, или сарма. Не е нормално секој ден во Дубаи на тераса да јадете кавијар, ракчиња, лигњи и слично и да го снимате морето - додаде Алексиќ.
- Тоа не е нормално. Тоа се лажни животи – заклучила пејачката.
Познатата пејачка Сека Алексиќ откри дека го фатила својот поранешен партнер во измама.
Инаку, Сека сега е среќно мажена за Вељко Пиљикиќ, со кој има два сина Јаков и Јован, а непознати детали од приватниот живот откри во подкаст со Анастасија Грујиќ.
- Еднаш открив дека ме изневерува и сам го открив - изјави тогаш пејачката и додаде:
- Копав, затоа што чувствував дека сум во право. Од него забележав дека нешто се случува и јас сум виновна што не го средив брзо. Го чувствував тоа и порано и сакав да раскинам со таа личност, но ете, чекав да го фатам сама., да имам црно на бело.
Како што изјави тогаш, веднаш ставила точка на таа врска, а потоа во животот и се појавил нејзиниот сопруг Вељко.