„Никому не простувам предавство“: Ана Николиќ раскина со Рале? Пејачката објави нивна фотка, па му испрати брутални зборови (ФОТО)
Ана Николиќ му порача на Горан Ратковиќ Рале дека ја изневерил, и дека нема да му прости за тоа што ѝ го направил.
Пејачката Ана Николиќ сподели серија фотографии со својот избраник Горан Рале Ратковиќ, а она што го напиша во описот на објавата ја заинтригира јавноста.
Имено, по појавувањето на Рале во емисијата „Амиџи шоу“, Ана на Инстаграм откри дека е разочарана од него и дека нема да му прости за предавството.
- Би се обложиладека ме сакаш... Ти знаеше се‘... И направи сè исто. Најлошиот мрак е пред зори... И тоа не е мој стил, но кога некој ги знае сите твои слабости и грубо ги злоупотребува против тебе, под паролата „ама јас те сакам“, тоа се вика предавство. Тоа никому не му го простувам – напишала таа.
Во коментарите имаше пораки за поддршка, а дали оваа најава е дадена поради нешто што тој кажа во емисијата, можеме само да претпоставуваме
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot