ЖЕНИТЕ ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: И понатаму се дискриминирани при наследувањето на имотот од родителите

Добивај вести на Viber

Жените од руралните средини и понатаму се соочуваат со дискриминација при наследувањето на имот. Ова го покажува истражувањето кое го направи Организацијата на жени Битола, кое открива дека повеќето жени се оштетени при поделбата на семејниот имот, а многу од нив и самите планираат да ја повторат истата грешка со своите ќерки.

Истражувањето е со наслов „И женските деца се деца во поделбата на имотот на родителите“. Само 18 отсто од анкетираните жени во руралните средини изјавиле дека нивните родители го поделиле имотот рамноправно меѓу децата. Најчесто браќата добиваат поголем дел од наследството, а сестрите се задоволуваат со помал дел или остануваат без наследство. Во семејствата со две деца, едното машко, другото женско,  во 82 отсто од случаите имотот оди во рацете на синот.

„Податоците нe се фрапантни, не се изненадувачки, очекувани  се, гледајќи ја околината тие беа апсолутно очекувани. Доколку се направи една подлабока анализа, можеби и психолошка анализа, факт е дека традицијата си го прави своето, не лесно бегаме од традицијата и стереотипите. Мој пријател кој е образован, вели во српско,  било забрането на женското дете да му се даде нешто, но затоа кога се мажело женското дете, се давало голем мираз, како машина за шиење, тоа било стандард во 60-те години. Повеќе на Фактор.мк