Во родната Тузла, на сопствениот концерт Лепа Брена не издржа и заплака: Откриваме зошто

Добивај вести на Viber

Најголемата балканска ѕвезда, Лепа Брена на концертот во Тузла (нејзиното родно место) додека ја пееше песната „Ја немам други дом“, не успеа да ги задржи емоциите,  заплака и неколку минути не можеше да се соземе.

Лепа Брена одржа спектакуларен концерт во родната Тузла. Очекувано, вечерта беше полна со емоции, а додека ја изведуваше песната „Ја немам друг дом“, Брена пукна во солзи и неколку минути не можеше да се соземе. 

Емоциите очигледно беа посилни од неа, па пејачката плачеше неколку минути, а потоа го покри лицето со рацете. Во еден момент, придружниот вокал на Брена дојде до неа и ѝ понуди марамчиња. Ниту тоа не помогна, па Брена продолжи да липа во солзи, додека салата одекнуваше: „Брена, те сакаме!“

Како што на Брена и беше се‘ потешко, таа се‘ повеќе плачеше, а во еден момент до неа притрча член од тимот и ѝ донесе вода за да не ѝ се слоши. Само по речиси пет минути драма и емотивен набој, Брена малку се смири, а потоа на сцената направи вежба за дишење за да здивне и да може да продолжи да пее, па некако успеа да го одржи концертот до крај. Како што дознаваме, во готовност била и Итната помош, подготвена да реагира во секој момент.


Како што дознавме, Брена била особено емотивна поради концертот во родниот град, како и поради споменот на нејзината мајка.

-Ова е родното место на Брена, па во Вог излегоа костимите што ги сошила нејзината мајка... Ќе беше среќна да го доживее сето тоа нејзината мајка. Се ѝ се собра, па се расплака - откри извор за српскиот портал.пинк.рс.


Фото и Видео: TikTok