На најголемиот југословенски заводник стриптизета му родила дете: Бил повеќепати заљубен, а на жената што ја изневерувал ѝ посветил песна
Горан Бреговиќ бил еден од најголемите заводници на Југославија, а бил заљубен во разни жени
За љубовниот живот на Горан Бреговиќ не престанува да се зборува, познато е и дека тој беше еден од најголемите заводници во Југославија. Го поврзуваа со бројни дами од јавниот живот - од Лепа Брена, Катарина Радивојевиќ, Алка Вуица, до Маја Сабљиќ, Љиљана Тица, Каја Остојиќ, Бранка Невистиќ, Северина...
Првата сопруга ја запознал во стриптиз бар
Во една прилика изјави дека неговата страст кон жените се родила на 17 години кога свирел во стриптиз бар. Така се заљубил во една Јасенка. Со неа добил ќерка и така рано станал татко. Се шушка дека Јасенка денес живее во Австралија и има две деца.
Меѓутоа, како што растеше неговата популарност, дамите се‘ повеќе се опседнаа со него, па Брега стана и опасен заводник. Убавата актерка Маја Сабљиќ беше првата славна личност со која се поврзуваше.
Тие се запознале на снимањето на филмот „Лични работи“ во 1979 година, а Маја не криела дека Бреговиќ со својот став ја оставил без здив. Таа тогаш имаше 19 години, а тој 10 години постар. Тогаш се зборуваше дека Горан ѝ ја посветил на Маја песната „Pristao sam biću sve što hoćeš“.
Исто така, бил и со Алка Вуица.
Алка Вуица отишла во Сараево да направи интервју за магазинot „Полет“ со член на групата „Бијело дугме“ во текот на осумдесетите. Бреговиќ пред самиот почеток на разговорот наводно ѝ рекол: „Не си дојдена на интервју, туку за брак“, што било почеток на нивните односи во јавноста. Тогаш многумина велеа дека меѓу нив има тајна врска, а набрзо ѝ го посветил познатиот хит „Pedikulis pubis“ што на латински значи срамни вошки. Тогаш Алка се налутила и не разговарала долго со Горан.
На почетокот на 1980-тите Бреговиќ ја угостил Лепа Брена на својата јахта, па почнало да се шушка дека се во тајна врска и дека нејзините соседи зборувале како тој често и носи подароци.
И Љиљана Тица, една од српските најуспешни манекенки, не одолеа на шармот на Брега. Дека станува збор за голема љубов покажува и фактот што ѝ го посветил хитот „Bitanga i princeza . Тие беа во бурна врска две години, а оваа убавица еднаш призна дека е многу љубоморна.
Кога Бреговиќ решил да сними филм според либретото на неговиот мјузикл „Karmen sa srećnim krajem“, ја поканил младата и убава Катарина Радивојевиќ, која требало да ја игра главната улога. Наводно се сретнале кај него во Јахорина и во Белград. Тогаш за улогата во игра влегла Северина, која често го посетувала во Сењак.
Брак долг три децении
Големата заводничка Џенана Суџук ја запознал во 1993 година, љубовта се разгорела на прв поглед, а миленикот на жените решил да се смири. Оттогаш, тие уживаат во хармоничен брак, во кој добија три ќерки - Ема, Уна и Лулу.
Фото: Youtube - screenshoot