Сочен посен колач со јаболка и цимет: Сѐ се мери со една чаша
Направете вкусна,сочна и миризлива торта со јаболка. Едноставна и вкусна посна торта со јаболка е одлична, а се прави брзо. Повеќето состојки веќе ги имате дома, а за мерење користете чаша од 200 мл. Додека го печете, цела куќа ќе мириса, а домашните ќе се воодушеват.
Потребни намирници:
-3 чаши рендани јаболка
-1 чаша шеќер
-1 чаша масло
-3 чаши брашно
-3 лажици кисела вода
-1 лажичка сода бикарбона
-1 лажичка цимет
-шеќер во прав
Начин на подготовка:
Јаболката измешајте ги со шеќер, па додадете масло и цимет. Измешајте сода бикарбона со кисела вода, па додадете ја во јаболката. Добро промешајте ја целата смеса, па оставете ја да отстои околу еден час. После тоа во смесата се додава брашно, се меша убаво се‘ да се соедини. Добиената смеса истурете ја во плех подмачкан со масло, или обложете го со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 220 степени и печете убаво да порумени, околу 25 минути. Проверете со чепкалка дали е доволно испечен колачот. Кога ќе се излади, исечете го на коцки и по желба пред послужување посипете го со шеќер во прав или со растоепено посно чоколадо за готвење.
Бон апетит!